Руската новела Metro 2033 ќе добие филмска адаптација

Руската новела Metro 2033 ќе добие филмска адаптација

Студиото MGM по банкротот во 2009 година, започнува со работа на нови проекти.  Сајтот Heat Vision дознава дека студиото ги откупи правата за екранизација на Metro 2033, руска сф новела од авторот Дмитри Глукховски. Сценариото ќе го пишува Ф. Скот Фрејзер, додека продуцент е Марк Џонсон (Galaxy Quest).

Metro 2033 првпат беше објавена во 2002 година, и подоцна се претвори во серија која сега вклучува над 20 книги и видео игра. Приказната се одвива во 2033, неколку години по нуклеарна војна, по која, светот остана непогоден за живеење. Мутанти владејат со пустелиите, додека она што е останато од човештвото е збиено во засолништа, создавајќи мали фракции околу различни влезови на метро станиците. Кога ќе се појави нова закана, која може да ги уништи сите преостанати луѓе, се зависи од еден човек кој мора да се пробие до центарот на метрото и да ги предупреди сите пред да биде доцна.

Доколку филмот е успешен, MGM планира Metro 2033 да го претвори во филмска франшиза. Снимањето се очекува да започне следното лето. Што мислите?

Објавено од admin на 17 September 2012, 09:51