Тизерот за Kill Switch само ја најавува акцијата

Тизерот за Kill Switch само ја најавува акцијата

Ден Стивенс е еден од најбараните актери во моментов. Оваа година го видовме во одличната серија Legion, но и во live action адаптацијата на анимираниот Beauty and the Beast класик.

Kill-Switch

Сепак, оваа година ќе го видиме и во еден многу поинаков, но подеднакво возбудлив филм. СФ трилерот во режија на Тим Смит, Kill Switch. Ден ќе биде Вил Портер. Воен пилот кој треба да спречи крај на човештвото кое го знаеме откако владиниот експеримент за пронаоѓање на нови паралелни универзуми и нови извори на енергија ќе пропадне.

kill22

Покрај Ден, во Kill Switch ќе ги видиме и одличните Беренис Мелор и Клои Меј Катфилд, а премиерата е закажана за 16-ти јуни. Погледнете го тизерот:

Објавено од admin на 4 May 2017, 08:03