Возбудлив ТВ спот за Oblivion со Том Круз

Возбудлив ТВ спот за Oblivion со Том Круз

Денеска го имаме првиот ТВ спот за најновата научно-фантастична авантура со Том Круз во главната улога, насловена Oblivion. Приказната во филмот, кој има буџет од околу 140 милиони долари, го прати Џек Харпер, војник ветеран кој е испратен на далечна планета со цел да уништи остатоци од вонземјанска раса. Меѓутоа, по пристигањето тој започнува да се сомнева во неговата мисија. Погледнете го возбудливиот ТВ спот:

Режисер на филмот е Џозеф Козински, кому ова е втор филм – по Tron: Legacy, уште еден змбициозен научно-фантастичен проект. Тој го напиша и сценариото, заедно со Вилијам Монахан и Мајкл Арндт (сценарист на претстојниот Star Wars: Episode VII). Покрај Круз, во главните улоги се појавуваат Морган Фримен, Олга Кириленко, Зои Бел, Мелиса Лео и Николај Костер-Валдау. Oblivion ќе се појави во кино салите на 19 април.

Објавено од admin на 22 January 2013, 08:11