Вториот трејлер за Alien: Covenant го открива новиот Ксеноморф

Вториот трејлер за Alien: Covenant го открива новиот Ксеноморф

20th Century Fox денеска го објави вториот трејлер за наследникот на Prometheus, насловен Alien: Covenant, во кој конечно можеме да го видиме новиот Ксеноморф, овојпат наречен Неоморф.

Приказната се фокусира на екипажот на вселенскиот брод Covenant кој добива повик за помош лоциран на непозната планета. Кога ке пристигнат, тие ќе откријат страшна закана, односно ќе бидат нападнати од Ксеноморфи, чудовишта користени како биолошко оружје од древна нација која е во изумирање.

Во главните улоги ќе ги видиме Кетрин Вотерсон, Мајкл Фесбендер, Дени Мекбрајд, Џејмс Франко, Били Крудуп и Демиан Бичир. За режијата се враќа Ридли Скот, а сценариото го напишаа Џон Логан и Данте Харпер.

Alien: Covenant ќе се појави во кино салите на 19-ти мај.

Објавено од admin на 1 March 2017, 11:11