Finding Dory

Finding Dory

Пред 13 години, Pixar и Disney ни го прикажаа Finding Nemo. Анимираната „Одисеја“ на рибата Мерлин (Алберт Брукс) да го пронајде и врати синот Немо (Александар Гоулд). Низ таа „Одисеја“ Мерилин ја запозна Дори (Елен Деџенерис) сината рипка со краткотрајна меморија, која му беше постојан придружник и евентуално пријател.

dory

Сега во 2016-та година студијата ни го претставија продолжението, насловено Finding Dory. Сместено една година по настаните од Finding Nemo, Дори сега живее со Мерилин и Нимо (Хејден Ројленс). Но, кога по сплет на околности, Дори ќе започне да се сеќава на фрагменти од минатото, т.е. од детството ќе се сети и на имињата на родителите Џени (Дајан Китон) и Чарли (Јуџин Ливај), но и на локацијата за тоа каде живееле. „Скапоцениот камен“ насловен Моро залив во Калифорнија. „Патот“ до таму нема да биде лесен. Попатна и принудна „станица“ ќе им биде Marine Life институтот, но дали ќе вреди целиот труд?

dory3

Finding Dory e солидно продолжение на Finding Nemo. Најмногу поради одличната анимација (поизразена во сцените во вода отколку на суво) но и поради енергичната и инспирирана гласовна изведба на Елен Деџенерис во ликот на Дори. И покрај тоа што хуморот не е доминантен од добро познатото трио од ликови, Finding Dory може да се пофали и со неколку нови одлични ликови кои ги пополнуваат дупките во сценариото. Секако тука е Хенк (Ед О’Нил), октоподот со 7 пипки кој сака постојано да живее во аквариум наместо во отворена морска вода, Дестини (Карин Олсон) белата ајкула која има проблеми со видот, но и Бејли (Тај Бурел), белуга китот кој се соочува со привремена не-употреба на био сонарот. Сценаристите Ендру Стентон и Викторија Строус убаво ја претставиле состојбата која ја има Дори и во продолжението.  Не само што лесно може и мали деца да ја разберат, најважно е што таа не е претставена акако пречка во карактерот, но и можност за измамување и злоупотребување на Дори.

dory2

Ок, освен Хенк (кој ја сака нејзината етикета од Marine Life институтот), сите останати навистина сакаат да и помогнат на Дори. И кога сме кај самиот Marine Life институт, во кој се одвива голем дел од дејствието, тој е одлична платформа за развивање на одлични шеги и нови необични комични ситуации за Хенк и Дори. Бидејќи ако забележите, основата на самата премиса е речиси иста како и од првиот дел. „Финесите“ се само сменети, но тоа функционира во најголемиот дел.

dory4

Но, тоа не значи дека сценаристите не начнале и комплексни теми при градењето на „Осидејата“ а и финесите. За почеток тука се  кратките флеш бек сеќавања од Дори и поглед на нејзиното детство, родители, потекло, но и објаснување за тоа како таа се загубила во големото синило. Таа памти пред да заборави, што е добар старт, но како одминува времето, нејзините сеќавања ќе станат се поизразени. Секое сеќавање е тригер а и делче од сложувалката. Исто така, оради менталната состојба Дори живее во сегашноста, но со сеќавањата ќе дознае дека таа има и минатo, a сега со дел од ликовите ја гледаме и конекцијата со тоа минато.

dory5

Но, ако нешто успее да не научи Finding Dory е дека ништо не е невозможно. You can do whatever you put your mind to, ќе каже Џени на својата ќерка во една од сцената. Само треба да поседуваш решителност за да го исполниш. И по патот можеби ќе наидеш на пречки, ќе наидеш на индивидуи кои се поинакви од тебе. Целта е да ги прифатиш како такви без разлика на недостатоците.

С. Лазаревска

 

Објавено од admin .f24 на 23 June 2016, 18:00