Jurassic World: Старата франшиза во ново руво. И руши рекорди!

Jurassic World: Старата франшиза во ново руво. И руши рекорди!

Повеќе од очигледен е фактот дека диносаурусите не се повеќе спектакуларно застрашувачки како некогаш. Спилберговото ремек дело пред две декади ја потресе филмската јавност презентирајки и нешто што остави домен на авантуристички суспензивен трилер, грандиозен како никој дотогаш, па се чини дека подвиг за негово реплицирање во денешно време е речиси и невозможно од многу причини. Возможно можеби, но возбудата во него така само пресликана во сличен амбиент е ентитет кој би бил под голем знак прашалник. Па можеби сосема оправдано и легитимно, продукцијата на чело со мајсторот, таткото на цела оваа сензација и креаторот на Jurassic Park и Lost World, првата и втората инсталација од оваа франшиза, Стивен Спилберг, преку режисерското”деби” во мејнстрим филмските води на Колин Треворо ни го донесе Jurassic World, спакуван сосема поинаку од своите претходници и не врати носталгично на истата локација, а како публика и кон кино салите, но овојпат ловејќи не со сосема нов мамец, за преполн рекорден премиерен викенд.

42be99c699e49ed3287362d64e9aa0ca

Заработувајки 208 милиони долари и притоа симнувајки го Age of Ultron од врвот, Jurassic World повторно не носи на Isla Nublar, на осамениот остров на крајбрежјето на Костарика и низ своето течение конечно ни го пружа задоволството во полн ефект да го искусиме веќе со децении очекуваниот целосно функционален забавен парк, во кој забавата е адреналиснки ролеркостер на концизно контролиран страв.

jurassic-world-2

Паркот прекрасен, но стравот бледее и посетеноста опаѓа, ситуација која доведува до формирање на првиот заплет од овој филм, кој преку добро скоцкана паралела слободно може да се преслика и врз ситуацијата со самата франшиза. Менаџментот, олицетворен низ ликот на Клер (Брајс Далас Хауард), задолжен за функционалноста на една ваква институција, или пак продуцентите на филмот, како сакате, под закана дека „природата“ веќе не е доволно забавна за своите посетители односно гледачи, се решава за генетска модификација на своите реквизити, диносаурисите кои се централната тема на паркот/филмот. Вака идејата на Џон Хамонд/Стивен Спилберг зачната уште во првиот дел, пред 20-тина години со Jurassic Park добива на свежина и новитет, а посетителите на паркот како и ние во кино салите го имаме задоволството да се запознаеме со супер интелигентниот генетски модифициран супер предатор, Indominus Rex.

tumblr_nj4cdzjZvW1u30k2to1_1280

Филмот полека, на моменти можеби и преспоро и предолго се задржува на младите Греј и Зак и нивниот пат кон паркот (Тај Симпкинс и Ник Робинсон) преку кои се врши вовед во приказната што подоцна ќе ни се прикаже како егзистенцијална борба за живот во филм на чело со повторно извонредниот Крис Прат (Guardians of the Galaxy), чие конечно прикажување, го воздигнува филмот на ниво на спектакуларна забава, носејки со себе шарм и харизма доследна на онаа што претходно ни ја пренесе Џеф Голдблум.

jurassicworldbanner

Приказната односно сценариото малку нејасно наместо да го задржи фокусот врз Овен (Крис Прат) бивши специјален воен оперативец, сега тренер на раптори и протагонист и главен двигател на дејствието, во континуитет се навраќа на сцени од двајцата млади карактери и нивната приказна, сцени кои на моменти делуваат како пауза од тензијата што произлегува од главната приказна што впрочем е неоспорливо привлечна, а тоа е: создадовме супер предатор, а сега мораме да се соочиме со последиците од неговото постоење. Повикајте го Овен, он ке знае што понатаму! Ова во комбинација со целокупниот тон и светло во кој е снимен филмот, музиката, звучната атмосфера, фактот што поголемиот дел од сцените се снимани на денски сетинг, иако навечер би изгледале подобро и поефективно би довеле до страв и терор кај гледачот, ме остава со мисла дека филмот е со намера вака искомпониран да амбиентално делува застрашувачки, но не страшно, застрашувачки повеќе од типот на забавен ролекостер, да повеќе наликува на Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull, отколку на својот претходинк Jurassic Park.

Останатите актери меѓу кои Брајс Далас Хауард, Омар Сај и Винсент Д’Онофрио, вклучувајки ги Тај Симпкинс и Ник Робинсон, глумат сосема солидно во своите улоги со она што им е сценариски пружено, а она што им е пружено се карактери кои задоволително и служат на генералната приказна, малку прегенерички искомпонирани за мој вкус, кои впрочем успеаа да воспостават мала емоционална врска со мене како гледач во однос на нивната судбина. Но бидејки како што напоменав егзистенцијализмот иако цело време наѕира, не е главниот амбиент кој овој филм пробува да ни го долови, па така и чуството за тоа што ќе се случи со овие карактери е можеби и сосема неважно.

bryce-dallas-howard-jurassic-world

Важна е забавата, а таа е прекрасна и кулминира со својот крај, со финалето и она што овие порти го кријат. Изненадување чие откривање целосно ви го препуштам вам.

Повеќе акција отколку трилер, овој дел од франшизата е нешто сосема ново екстремно забавно филмско парче и е засега рекорден блокбастер за оваа филмска сезона. Во изобилство на визуелни ефекти и ултимативнен предатор со способност за камуфлажа меѓу останатото, Jurassic World и покрај одредени наративни недостатови кој ги демонстрира, од аспект на забава, особено поради своите последни сцени е филм кој дефинитивно го препорачувам да се погледне на големо платно кое континуирано зрачи со Indominus Rex низ кината на Cineplexx.

Мартин Чалакоски

Објавено од Мартин Чалакоски на 16 June 2015, 08:05