The Fate of the Furious

The Fate of the Furious

Fast And Furious филмската франшиза го имаше својот почеток во 2001-ва година. 16 години подоцна пристигна и најновото 8-мо продолжение насловено The Fate of the Furious, а за прв пат зад камерата застана Ф. Гери Греј. Успехот кој Греј го имаше со Straight Outta Compton пред само 2 години, му ја донесе работата на The Fate of the Furious, но тој веќе соработуваше со дел од актерите и на претходните филмови (Шарлиз Терон во The Italian Job, Вин Дизел во A Man Apart и Двејн Џонсон во Be Cool).

fate

Сајбер терористот Сајфер (Шарлиз Терон) ќе го прекине медениот месец на Дом Торето (Вин Дизел) и Лети Ортиз (Мишел Родригез) во Куба, таа ќе го уцени, а подоцна и „регрутира“ во нејзиниот тим. Па затоа „семејството“ на Дом,  екс агентите Лук Хобс (Двејн Џонсон), Декард Шо (Џејсон Стејтам), но и специјалните агенти Mr. Nobody (Курт Расел) и Little Nobody (Скот Иствуд) ќе треба да го сторат речиси невозможното. Најпрво да го пронајдат Дом, а потоа и да ја прекинат злобната мисија на Сајфер. А тоа нема да биде лесно.

the-fate-of-the-furious-dwayne-johnson-600x400

The Fate of the Furious иако е базичен, но на моменти конфузен, на моменти „оскуден“ во развојот на приказната, се труди да не импресионира со тоа што и е најдобриот адут во оваа франшиза. Акционите сцени. А верувајте тие ги има доста, и се одлини како и секогаш. Од почетната воведна сцена низ улиците на Хавана, па се до финалниот продолжен акт во ледената руска воена база, ќе најдете фантастични сцени кои за момент ќе направат да не помислите на очигледните недостатоци во овој филм. Особено возбудливи се сцените со „зомби апокалипса“ автомобилите во Њујорк и мисијата на Декард Шо безбедно да го извлече бебенцето од авионот на Сајфер.

fate3

Во поглед на развој на карактерите, кај главниот протагонист претворен во антагонист Дом најголем шок е „предавството“ на фамилијата се до околу 1 час од дејствието и откривањето за причината за тоа „предавство“, но убаво е да се види и глатката транзиција на Декард и Лук од непријатели па се до добри пријатели при самиот крај на The Fate of the Furious. Хумор и шарм во поглед на перформансите повторно нудат Тајриз Гибсон и Крис Бриџис, но истото може да се каже и за повторното појавување на легендата Курт Расел во улогата на Mr. Nobody.

fate4

Сепак, иако е дадено шанса на Вин Дизел да покаже и нова страна на персоната наречена Дом (преку неговата глума), вистинската шанса во поглед на минутажата и физичката подготвеност е всушност дадена на Двејн Џонсон во ликот на Хобс. Тој има фантастични сцени и прилика да го води „семејството“ на Дом додека тој е „отсутен“. The Rock е сега достојниот ко-протагонист и навистина сериозно ја сфаќа таа задача во The Fate of the Furious, што е за поздравување. Но, пред да преминам на главниот негативец, не можам а да го споменам разочарувањето со тоа што е сторено од ликот на Лети Ортиз. Мишел Родригез е залудно потрошена во овој филм и нејзиното присуство е толку минимално, што речиси и да не ја забележувате. Јасна е конфузијата и разочараноста на Лети од постапките на Дом, но тука таа не добива простор да покаже ништо повеќе од тоа. Лети е оттурната во речиси секој поглед. Дури и акционите сцени со неа (а и нејзините борби) се суптилни и незабележителни, а ако забележите нема ниту премногу реплики за да ја искаже својата фрустрација во најголем дел од дејствието.

fate5

А, ако има една дама која навистина остава впечаток во The Fate of the Furious, тоа е Шарлиз Терон во улогата на Сајфер. Перформансот на Оскаровката е тој на „злобна ледена кралица“, и дополнителна мистерија на нејзиниот безмилосен социопатски карактер е дадена со честата комуникација преку афоризми и кодирани фрази.

the-fate-of-the-furious-scott-eastwood-600x400

Сепак, тоа што е од голема помош кај режијата на Ф. Гери Греј е одлуката да го искористи сет дизајнот до максимум, но и паметното инкорпорирање на CGI-то. Евидентна е употребата на компјутерски генерирани сцени, но покрај крајните 40-на минути, режијата на Греј е ефикасна, глатка и синхронизирана со акцијата во најголемиот дел од дејствието. The Fate of the Furious искрено не нуди новитети и оригиналност во самата срж. Дејствието и неговото развивање е на самиот гол минимум, а дел од ликовите и под него.

Но и покрај долгиот и развлечен пат до крајот, The Fate of the Furious нуди забава и возбуда на моменти. Тие не се премногу на број, но доволно, филмот да го направат гледив и забавен.

С. Лазаревска

Објавено од admin на 16 April 2017, 15:10