15 минутно продукциско видео за четвртата сезона на Game of Thrones

15 минутно продукциско видео за четвртата сезона на Game of Thrones

Четвртата сезона на Game of Thrones треба да започне со прикажување за помалку од два месеца, а HBO денеска објави ново, 15 минутно, продукциско видео.

Насловот на видеото е Ice and Fire: A Foreshadowing и ги објаснува новите локации, настани, карактери, како и еволуцијата на врските помеѓу нив. Исто така има и забавни прашања од фановите на серијата и интересни одговори од актерите.

Четвртата сезона ќе биде базирана на втората половина на третата книга и ќе започне со прикажување на 6-ти април.

Објавено од admin на 10 February 2014, 12:54