Агентите Скали и Молдер се пак заедно: X-Files се враќаат на телевизија

Агентите Скали и Молдер се пак заедно: X-Files се враќаат на телевизија

По 13 години од финалето на последната епизода од култната серија X-Files, агентите Дејна Скали и Фокс Молдер се враќаат на „малите екрани“.

Актерите кои ги портретираат Скали и Молдер (Џилијан Андерсон и Дејвид Духовни) беа забележани на првиот ден од снимањето на X-Files мини-серијата во Ванкувер, каде беше присутен и режисерот и креатор, Крис Картер.

files6

Мини-серијата ќе се емитува следната година на Fox каналот во САД и ќе биде составена од 6 епизоди, но со единствена разлика што пилотот од мини-серијата ќе има двојна премиера. Најпрво првата епизода ќе биде емитувана на 24-ти јануари следната година, а веднаш потоа и втората.

Покрај папараци фотографите кои беа присутни на сетот во Ванкувер да го овековечат почетокот на продукцијата, и самите актери ги споделија фотографиите од првиот ден на социјалните мрежи. Покрај Духовни и Андерсон, свое враќање во екипата на X-Files ќе го имаат и Мич Пилеги, Вилијам Б. Дејвис, а како „додаток“ во актерската екипа ќе биде присуството на Џоел Мекхејл.

files5

files7
X-Files оригиналната серија се емитуваше од 1993-та до 2002-ра година, а од самата франшиза беа продуцирани и 2 филма. The X-Files од 1998-ма година и The X-Files: I Want to Believe од 2008-ма.

Снимањето ќе трае до 22-ри август, а во меѓувреме погледнете како течеше првиот ден на сетот.

files

files2

files3

files4

Објавено од admin .f24 на 11 June 2015, 08:06