Blunt Talk – “Капетан Пикард” сака кокаин и проститутки

Blunt Talk – “Капетан Пикард” сака кокаин и проститутки

Патрик Стјуард, актерот кој сите го знаеме како Жан-Лук Пикард од Star Trek: The Next Generation или пак како Професор Чарлс Ксавиер од X-Men филмовите, се враќа на малите екрани со нова серија, во која глуми дијаметрално спротивен лик од горе споменатите.

Станува збор за Blunt Talk, новиот проект на Џонатам Имс (Bored to Death) и познатиот Сет Мекфарланд. Во серијата, Стјуард го глуми Волтер Блант, британски водител кој пристига во Лос Анџелес со цел да започне ново ток-шоу. Меѓутоа, Блант е и лабилен мегаломански карактер кој е надвор од контрола и многу често посегнува по дрога, алхохол и непристојно однесување.

Blunt Talk има потенцијал да стане голем хит на малите екрани, најмногу поради Стјуард кој толкува доста необична улога за него, а и креаторите Имс и Мекфарланд.

Првата сезона ќе има десет епизоди, а Blant Talk ќе започне со емитување на 22-ри август.

Објавено од admin на 1 August 2015, 12:25