The Defenders пристигнуваат овој август

The Defenders пристигнуваат овој август

Долго очекуваната Netflix мини серија, The Defenders, доби нов тизер трејлер, а во него на интелегентен начин ни беше прикажана и датата на премиера.

the-defenders

The Defenders, која е креирана од Даглас Петри и Марко Рамирез, ќе ги собере добро познатите 4-ца супер херои Мет Мурдок, Џесика Џонс, Лук Кејџ и Дени Ренд на едно место заедно да се борат против непријателите.

defenders_in

Чарли Кокс, Кристин Ритер, Фин Џонс и Мајк Коултер ќе ги репризираат улогите од нивните соло ТВ серии, а покрај нив во The Defenders ќе ги видиме и Елоди Јанг, Сигурни Вивер, Дебора Ен Вол, Кери Ен Мос и Џесика Хенвик.

the-defenders2

Дејствието ќе биде сместено неколку месеци по настаните од 2-та сезона на Daredevil, а првите 2 епизоди ќе бидат режирани од Сеј Џи Кларксон. The Defenders ќе пристигне на Netflix на 18-ти август, а ова е првиот тизер:

Објавено од admin на 5 April 2017, 07:33