Денеска е премиера на две ветувачки серии

Денеска е премиера на две ветувачки серии

Денеска би требало да биде празник за љубителите на серии. Во ист ден ќе се појават две ветувачки серии. Едната е Jessica Jones, новиот проект (по одличниот Daredevil) кој е соработка на Марвел и Нетфликс, додека втората е The Man in the High Castle – скапиот и амбициозен проект на гигантот Амазон, поточно ТВ дивизијата Амазон Студија.

Подолу се деталите.

Jessica Jones
Датум на премиера: 20-ти ноевмри (цела сезона достапна на Нетфликс)
Креатор: Мелиса Росенберг
Главни улоги: Кристин Ритер, Дејвид Тенант, Мајк Колтер
Синопсис: Серијата се фокусира на приватна детективка, која е поранешен суперхерој и настојува да живее нормален живот во Њујорк. Меѓутоа, настаните и грешките од минатото ќе започнат да ја прогонуваат.

The Man in the High Castle
Датум на премиера: 20-ти ноевмри (цела сезона достапна на Амазон Прајм)
Креатор: Френк Спотнитс
Главни улоги: Алекса Давалос, Руперт Еванс, Лук Клеинток
Синопсис: Поглед во една алтернативна историја на Северна Америка. Каков би бил животот доколку нацистите ја добиле Втората Светска Војна, а територијата на САД е поделена помеѓу Германија и Јапонија.

Објавено од admin на 20 November 2015, 13:06