Детали за третата сезона на Falling Skies

Детали за третата сезона на Falling Skies

Финалето на втората сезона на Falling Skies беше преполно со тензични моменти и разни изненадувања. Почнувајќи од тајното оружје кои беше уништено од Втората чета на Масачусетс, преку претворањето на Хал во пиун на вонземјаните, па се до големиот пресврт на крајот кога на земјата пристигнаа нов вид мистериозни вонземјани – чии намери и мотиви можат да донесат уништување или спас за човечката раса.

Сега, кога продукцијата на третата сезона е веќе започната магазинот EW го интервјуираше Реми Аугушон, кој е еден од извршните продуценти на серијата. Еве што изјави за последните минути од втората сезона:

“Се чини дека е огромна случајност што откако тајното оружје беше уништено одненадеш од небото се појавија новите мистериозни вонземјани. Поврзаност помеѓу двата вида на вонземјани постои и ќе ја дознаете во третата сезона.”

Како и да е, по драматичниот крај на втората сезона, сигурни сме дека следната сезона на Falling Skies ке биде исполнета со многу интересни моменти и возбудувања. Премиерата на третата сезона е следното лето на ТВ мрежата TNT.

Објавено од admin на 26 August 2012, 15:32