Детали за втората сезона на True Detective

Детали за втората сезона на True Detective

Одличната серија True Detective, која започна со емитување во јануари, веднаш стана инстант хит, со огромен број на верни обожаватели, кои непрестано дискутираа (и претпоставуваа) за Жолтиот Крал и нихилистичката филозофија на детективот Раст Кол (Метју Меконахи).

Досега имаше малку детали за новата сезона: главните актери нема да се вратат, односно ќе има комплетно нова актерска екипа, а приказната ќе се фокусира на “цврсти жени, лоши момци и тајната окултна историја на транспортниот систем на САД”.

Креаторот на серијата, Ник Пицолето, денеска понуди нови детали:

“Втората сезона ќе има тројца главни актери, а дејствието ќе биде сместено во Калифорнија, во мали, напуштени и заборавени мести. Ќе се обидеме повторно да креираме еден амбиент на  мрачна психосфера, слично како во првата сезона. Кастингот е во тек, а снимањето треба да започне во август.”

Втората сезона на True Detective ќе започне со емитување во јануари, следната година.

Објавено од admin на 28 May 2014, 08:38