Џејсон Стетхам “се сели” на малите екрани

Џејсон Стетхам “се сели” на малите екрани

Сите оние кои бараат одлични улоги и креативна слобода знаат дека во денешното време на блокбастери и франшизи полни со CGI ефекти, ова можат единствено да го најдат во продукцијата на телевизиските серии, посебно во продукциите на кабловските мрежи и онлајн стриминг платформите.

Џејсон Стетхам е уште една актерска ѕвезда која одлучи да направи транзиција на малиот екран со претстојната серија Viva La Madness. Станува збор за еден вид на продожение на британскиот хит Layer Cake од 2004 година во режија на Метју Вон, а со Даниел Крег во главната улога.

Серијата повторно ќе се фокусира на криминалното подземје на Лондон, перењето на пари, нарко зделки и високо технолошки измами, со тоа што главниот херој (кој во филмот немаше име) сега е во пензија на Карибите. Досадувајќи се на овој островски рај, тој ќе биде посетен од двајца другари-криминалци, кои ќе му понудат нова работа, која нема да може да ја одбие.

Стетхам ќе биде извршен продуцент, заедно со Стивен Часман. Серијата ќе биде во продукција на Gaumont International TV, компанијата која ги продуцираше одличните Hannibal и Narcos.

Премиерата се очекува следната есен.

Објавено од admin на 19 September 2015, 10:23