Doubt: ниту топлото време не и пречеше на бремената Кетрин

Doubt: ниту топлото време не и пречеше на бремената Кетрин

Кетрин Хејгл, актерката која фановите најмногу ја препознаваат по улогата во серијата Grey’s Anatomy подготвува нов ТВ проект. Актерката која моментално е бремена со 3-то дете беше забележана на сетот на новата серија Doubt во Лос Анџелес.

Хејгл во драма серијата Doubt (во продукција на CBS каналот) ќе ја портретира Сејди Елис адвокат кој ќе оформи врска со клиент кој можеби (а можеби и не) е виновен за страшно злосторство.

katherin2

Покрај Кетрин во Doubt ќе се појават и Лаверн Кокс, Стивен Паскал, Лорен Блуменфилд, Теди Сеарс, Елиот Гоулд, Дјул Хил, а самата серија е креирана од Тони Фелан и Џоан Ретер.

Премиерата на Doubt не е точно одредена но според американските медиуми се очекува да пристигне на CBS каналот следната година.

Погледнете ја Кетрин во Лос Анџелес на сетот на Doubt.

katherine

katherine3

katherine5

Објавено од admin .f24 на 28 July 2016, 10:05