Fargo најнов тизер: двојната улога на Јуан Мегрегор

Fargo најнов тизер: двојната улога на Јуан Мегрегор

Третата сезона на анталогиската серија Fargo пристигнува на FX каналот следниот месец, а за сега продукцискиот тим зад самата серија нуди нови тизери низ кои треба да ги запознаеме актерите и нивните улоги.

fargo-season-3-images-ewan-mcgregor-michael-stuhlbarg-600x401

Па затоа во најновиот тизер кој беше објавен, акцент е ставен на двојната улога на шкотскиот актер Јуан Мегрегор. Тој во 3-та сезона ќе ги портретира близнаците Емет и Теј Стаси, а сега за прв пат имаме можност да го погледнеме изгледот и на двата лика.

fargo-season-3-images-ewan-mcgregor-1-600x401

Во останатите улоги ќе ги видиме Мери Елизабет Винстед, Дејвид Телвис, Кери Кун, Мајкл Стаубарг, Џи Гафиган, Скот Мекнејри, Томас Ман, Хејмиш Линклатер. Првата епизода од 3-та сезона е насловена Law of Vacant Places и ќе биде емитувана на FX каналот на 19-ти април.

fargo-season-3-images-mcgregor-stuhlbarg-thewlis-600x400

fargo-season-3-images-ewan-mcgregor-600x401

Погледнете.

Објавено од admin на 21 March 2017, 08:33