Game of Thrones ќе заврши по 8-та сезона

Game of Thrones ќе заврши по 8-та сезона

За време на церемонијата Television Critics Association, Мајкл Ломбардо, претседателот на HBO за програмска содржина, изјави дека нивниот најголем адут, кога станува збор за ТВ серии, Game of Thrones, најверојатно ќе заврши со 8-та сезона, која ќе се прикажува во 2018 година.

Тој изјави дека челниците на HBO би сакале серијата да има 10 сезони – ова барање од продуцентите е очекувано имајќи го во предвид фактот дека станува збор за една од најгледаните и најпопуларните серии на сите времиња. Меѓутоа, креаторите и извршните продуценти, Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс, пред неколку месеци изјавија дека Game of Thrones ќе заврши “со 7-та или 8-та сезона”. Ова е своевидна потврда од HBO дека ќе ја почитуваат желбата на креаторите и дека не очекуваат уште 30 епизоди од митскиот свет на Вестерос.

Во меѓувреме, на неколку локации паралелно, се снимаат новите епизоди од 6-та сезона, која ќе започне со прикажување следната пролет.

Објавено од admin на 31 July 2015, 07:53