Heroes Reborn: Каде се хероите?

Heroes Reborn: Каде се хероите?

Heroes, култната серија на NBC каналот, престана да се прикажува пред 5 години. Самата серија уживаше во 4 сезони ТВ прикажување, а од неа се лансираа кариерите на повеќе одлични актери: Мајло Вентимиља, Хејден Пентиере, Маси Ока, Али Лертер и Закари Квинто, кој подоцна стана дел од Star Trek франшизата.

Маси Ока заработи номинација за Златен Глобус, а исто така и самата серија, која беше номинирана во категоријата најдобра драмска серија во 2007-ма година.

heroes2

Но, сега по 5 години од укинувањето на серијата, фановите ќе имаат можност да ја погледнат и мини серијата (која е всушност reboot) наречена Heroes Reborn.

Мини серијата составена од 13 епизоди повторно ќе се емитува на NBC каналот, а премиерата на првата епизода е закажана за 24-ти септември.

heroes3

Од oригналните актери свое враќање и во мини-серијата ќе имаат Џек Колман, Маси Ока, Грег Гунберг, Сендил Рамамурту, а како новитети во актерската екипа беа додадени Франческа Иствуд, Закари Ливај, Дилан Брус….

Првиот тизер за Heroes Reborn исто така е објавен, а како изгледа промото за мини-серијата?

Погледнете.

Објавено од admin .f24 на 25 June 2015, 09:45