House of Cards со нова сезона

House of Cards со нова сезона

Походот кон моќ не запира. Кевин Спејси и понатаму е Френк Андервуд.

House-of-Cards

Политичката драма со Кевин Спејси и Робин Рајт, како Френк и Клер Андервуд парот – репрезент на моќта на Вашингтон, која во континуитет ги собира сите престижни награди со секое свое сезонско издание продолжува, во својата четврта сезона, објави стриминг севисот Нетфилкс, рано изутринава.

House_of_Cards_Movie_Wallpapers_26_zyjdb

Продукцијата и снимањето на новата четврта сезона започнува летово со премиерно прикажување закажано за 2016-та година.

Втората сезона, рано годинава на Кевин Спејси за улогата на Френк Андервуд, му донесе златен глобус и САГ награда (Screen Actors Guild Award), со што тој се надоврза на Златниот Глобус кој Робин Рајт го доби за својата улога во 2014-та година и на Дејвид Финчер, извршниот продуцент кој за првата сезона на престижните Еми награди доби признание за најдобра режија.

Една од ретките серии која од епизода во епизода, сезона во сезона, добива на квалитет и драматичност, една и единствена која го има легендарниот Кевин Спејси во своите редови.

house-cards-800

Само што излезе третата, а веќе во исчекување на новонајавената. House of Cards, можеби продукциски најдобрата серија на денешницата.

Објавено од Мартин Чалакоски на 4 April 2015, 10:00