Извонредната Black Mirror со уште 12 епизоди

Извонредната Black Mirror со уште 12 епизоди

Киднапирана е принцезата на Обединетото Кралство. За нејзино ослободување има само едно барање: Премиерот да има во живо секс со свиња на национална телевизија.

gvgca6kqcmrdqgloiwd9

Вака почнува првата од само 6-те епизоди на двете сезони црна комедија/техно трилер антологиска серија која е креирана и напишана од Чарли Брокер.

Доколку сте љубител на сајбер панк, технологија и како таа влијае врз општеството или доколку уживате во креативни приказни, одлична глума и прекрасна продукција на која и огромен број високобуџетни долгометражни филмови може да и завидат, тогаш Netflix, огромната телевизиска куќа донесе одлични вести за вас, откако во саботата изутрина објави дека се здружува со британската продуцентска куќа House of Tomorrow за 12 нови комични и на моменти застражувачки продолженија од модерниот еквивалент на The Twilight Zone.

Серијата сега и со американска копродукција и многу нови актери-познати имиња во најава (Џон Хам ѕвездата на Mad Man веќе беше дел од божиќната специјална епизода) ќе започне повторно со снимање доцна годинава.

Black Mirror и релативно кратките филмови со креативно неповторливи приказни, еден ден несомнено ке бидат анологиски класики, и со строга препорака се приказни кои не смеете да ги пропуштите:

Објавено од Мартин Чалакоски на 28 September 2015, 17:49