Jessica Jones – трауматизираната приватна детективка на Марвел

Jessica Jones – трауматизираната приватна детективка на Марвел

По неколкуте кратки тизери во кои го запознавме карактерот на релативно непознатата хероина на Марвел, денеска го имаме и официјалниот трејлер. Jessica Jones – серија која ја означува втората соработка помеѓу Марвел и Нетфликс, соработка која започна со одличната Daredevil, а ќе продолжи и наредната година со Luke Cage и Iron Fist.

Jessica Jones се фокусира на приватна детективка, која е поранешен суперхерој и настојува да живее нормален живот во Њујорк. Меѓутоа, настаните и грешките од минатото ќе започнат да ја прогонуваат.

Во главните улоги ќе се појават Кристин Ритер, Дејвид Тенант, Мајк Колтер, Рејчел Тејлор и Кери-Ен Мос. Креатори се Мелиса Росенберг, Лиз Фридман и Џеф Лоеб.

Сите 13 епизоди ќе бидат достапни на Netflix на 20-ти ноември.

Објавено од admin на 26 October 2015, 13:27