Кетрин е официјално филмската легенда во Feud

Кетрин е официјално филмската легенда во Feud

Веќе пишувавме за продукцијата на Feud, серијата креирана од Рајан Марфи и продуцирана од FX каналот. Feud е антологиска серија за различни периоди од „златната ера на Холивуд“, а првата сезона составена од 8 епизоди ќе се фокусира на познатата кавга помеѓу холивудските легенди Џоан Крафорд и Бети Дејвис.

Кавгата го доживеала својот климакс за време на снимањето на класиката Whatever Happened to Baby Jane, а самата серија ќе го раскаже нивниот приватен и професионален однос за време на залезот на нивните кариери.

katherine2

Бети Дејвис ќе биде портретирана од Сузан Сарандон, а Џоан Крафорд од Џесика Ланг. Но во актерската екипа се приклучи уште една трета Оскаровка. Кетрин Зета Џонс. Велшката актерка ќе ја потретира Оливија де Хавиланд, оскаровката и една од малкуте живи легенди на таа ера.
Де Хавиленд во јули оваа година наполни 100 години, и иако не е повеќе активна во снимањето филмови таа е една од малкуте актерки кои се живи, а кои биле дел од одличниот Gone With The Wind.

jessica

Во останатите улоги од Feud ќе ги видиме и Алфред Молина, Стенли Тучи, Сара Поулсон и Џуди Дејвис, а моментално серијата е во фаза на продукција во Лос Анџелес.

Од таму пристигнаа и фотографиите од Кетрин во улогата на Оливија де Хавиланд, а како изгледаше таа?

katherine

katherine3

Објавено од admin на 2 November 2016, 10:30