Masters of Sex: зад сцените на 4-та сезона

Masters of Sex: зад сцените на 4-та сезона

Долго очекуваната 4-та сезона на хит серијата Masters of Sex пристигнува на малите екрани следниот месец, и со нов временски период во развојот на дејствието, новата сезона носи и нови заплети, а и нови актери во екипата.

4-та сезона ќе ја начне иновата ера (70-те години од 20-от век), а според продукциското видео, но и интервјуата од самите актери во него, знаеме и што да очекуваме од новата сезона со самите ликови.

master2

Како „додатоци“ во актерската екипа беа најавени одличните Кели О’Хара, Ненси Неш и Дејвид Валтон, а премиерата на 1-та епизода од 4-та сезона е закажана за 11-ти септември, на Showtime каналот.

Погледнете го продукциското видео за Masters Of Sex заедно со Мајкл Шин, Лизи Каплан и Кејтлин Фиџералд.

Објавено од admin .f24 на 15 August 2016, 09:18