Mr. Robot – серија која треба да ја гледате летово

Mr. Robot – серија која треба да ја гледате летово

Денеска го имаме првиот трејлер за новата серија на USA Network насловена Mr. Robot. Серијата го прати компјутерскиот хакер Елиот, кој е најмен од мистериозен компјутерски експерт, со цел да обелодени конспирација поврзана со голема технолошка компанија.

Во главните улоги ќе се појават Кристијан Слејтер, Реми Малек, Мајкл Гил, Глорија Рубен и Ешли Норт. Креатор е Сем Есмаил.

Пилот епизодата од серијата беше прикажана на филмскиот фестивал во Трибека (доста необичен потег) и доби одлични критики од публиката. Сите ја споменуваа како еден од фаворитите за претстојната летна телевизиска сезона.

Првата сезона ќе се состои од 10 епизоди, е емитувањето ќе започне на 24-ти јуни.

Објавено од admin на 28 May 2015, 11:57