Музичкиот трејлер за Will & Grace е тука и е урнебесен

Музичкиот трејлер за Will & Grace е тука и е урнебесен

Најновата 9-та сезона од култната комична серија Will & Grace беше најавена уште на почетокот на оваа година.

will2

Продукцијата на сезоната започна на почетокот на пролетта, а сега пристигна и првиот долг трејлер како најава за 9-та сезона. Тој е повеќе од 5 минути долг и е полн со музички точки, а во него можеме да го видиме и враќањето на 4-та сакани ликови. Вил Труман, Грејс Адлер, Карен Вокер и Џек Мекфарланд.

will3

Со враќањето на 4-та ликови од Will & Grace ќе се вратат и добро познатите актери во истите тие ликови: Ерик Мекормак, Дебра Месинг, Меган Мулали и Шон Хејс, а 9-та сезона ќе се состои од вкупно 12 епизоди.

Премиерата е закажана за претстојната есен, а ова е музичкиот трејлер насловен Back This Fall. Погледнете:

Објавено од admin на 18 May 2017, 07:36