Netflix нуди 2 супер проекти ова лето

Netflix нуди 2 супер проекти ова лето

Подгответе се за долго топло лето со Netflix. Каналот за стриминг ги претстави најновите два проекти кои треба да ве воодушеват во наредните неколку месеци.

Најпрво станува збор за мистеријата Shimmer Lake која воедно е режисерко деби на сценаристот Орен Узиел.

shimme2

Тој го напиша и сценариото, а во главната улога ќе имаме можност да го видиме Ријан Вилсон. Покрај ѕвездата од The Office во Shimmer Lake ќе имаме можност да ги видиме и Вајат Расел, Бенџамин Вокер, Рон Ливинстон, Роб Кодри, а премиерата можеме да ја очекуваме на 9-ти јуни.

Вториот проект на Netflix е серија од 10 епизоди, а станува збор за крими драмат Ozark. Креирана од Бил Дабик, Ozark ќе ја раскаже приказната за Мартин (Џејсон Бетерман). Фамилијарен човек кој е сопруг на Венди (Лора Лини) и татко на двајца тинејџери.

Ozark2

Под фасадата на успешен фамилијарен човек се крие еден од најголемите „перачи“ на пари во мексиканските картели. Премиерата на Ozark е закажана за 21-ви јули, а ова е првиот тизер.

Објавено од admin на 26 May 2017, 07:33