Ние сме сексуалната револуција!

Ние сме сексуалната револуција!

Ние сме сексуалната револуција! Вели Вирџинија Џонсон (Лизи Каплан) во најновиот спот со кој се најавува третата сезона од Masters Of Sex, серијата на Showtime каналот.

Едноминутното промо за новата сезона ни прикажува дел од премисата која ќе имаат да ја погледнат со премиерата, но и дел од новите актери во актерската екипа. Третата сезона ќе биде сместена во 1966-та година, а покрај двајцата централни ликови Вирџинија Џонсон (Каплан) и Вилијам Мастерс (Мајкл Шин) свое враќање во екипата ќе го имаат и Маргарет (Алисон Џени) и Бартон Скали (Бо Бриџис).

MASTERS-OF-SEX2

Како додатоци во актерската екипа се и одличните Џош Чарлс, Тејт Донован, Џули Ен Емери, а премиерата на првата епизода од третата сезона е закажана за 12-ти јули.

Погледнете го најновото промотивно видео за Masters Of Sex.

Објавено од admin .f24 на 10 June 2015, 07:23