Oд „јужната страна“ на Чикаго: Shameless зад кулисите

Oд „јужната страна“ на Чикаго: Shameless зад кулисите

Фановите на култната американска серија на Showtime каналот имаат причина за да се радуваат. 6-та сезона на Shameless е моментално во фаза на продукција.

И покрај големата тајност која се држи за самата продукција во Чикаго (и Лос Анџелес), актерите веќе споделија повеќе фотографии „од зад кулисите“ на самото снимање, а исто така и дел од деталите поврзани со новите 12 епизоди од една од најдобрите серии во американскиот ТВ етер.


shameless

Ноел Фишер (кој го портретира Мики Милкович) ќе биде дел од 6-та сезона, но не како „regular“, туку како „recurring“ лик, а и неговиот лик нема да биде повеќе заедно со тој на Ијан Галагер (Камерон Монахан).

Шон (Дермот Мелруни) шефот на Фиона (Еми Росум) повторно ќе се врати и во 6-та сезона, но со зголемено присуство и поразвиен лик. Ќе биде претставена и биолошката мајка на Семи (Емили Бергл) најстарата Галагер ќерка, а нејзиното име ќе биде Queen. Да! Queen.

shameless3

Исто така новата сезона ќе третира повеќе теми како тинејџерска бременост, абортус и нови последици од кршењето на законот.

Премиерата на првата епизода од 6-та сезона е закажана за 17-ти јануари, следната година, а ова е екипата зад кулисите.

1

12

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

13

14

15

Објавено од admin .f24 на 3 September 2015, 16:36