Официјален трејлер за новата сезона на Game of Thrones

Официјален трејлер за новата сезона на Game of Thrones

HBO денеска го објави првиот официјален трејлер за петтата сезона на мега-популарната серија Game of Thrones, која е базирана на книгите на Џорџ Р.Р. Мартин. Трејлерот е исполнет со акција и одлични визуелни ефекти, но секако, и со интересни карактери и човечка драма. Видеото е пропратено и со нов кавер на позната песна на Дејвид Боуви, Heroes.

Во главните улоги се појавуваат Емилија Кларк, Питер Динклиџ, Лина Хиди, Кит Харингтон, Иан Глен, Софи Тарнер и Николај Костер-Валдо. Креатори се Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс.

Новата сезона ќе започне со емитување на 12-ти април на HBO.

Објавено од admin на 31 January 2015, 14:42