Опуштете се! Тоа се само гради и змејови!

Опуштете се! Тоа се само гради и змејови!

Ијан Мекшејн не е загрижен за спојлери поврзани со новата 6-та сезона на серијата Game Of Thrones.

Актерот се појави во утринската емисија на BBC каналот, наречена BBC Breakfast каде што ја промовираше новата долго очекувана 6-та сезона која ќе ја има својата премиера следниот месец.

Game-of-Thrones-306007

Во интервјуто тој објави и спојлери за „враќањето“ во живот на лик кој долго време фановите сметале дека е мртов.

-Мојот карактер е бивш воин кој нашол душевен мир. Околу него има група на мирни следачи, налик на култ…..кои ќе вратат во живот омилен карактер од серијата, за кој сите мислеа дека е мртов.

ian2

Голем дел од фановите сметаат дека тој алудираше на Џон Сноу и не беа задоволни со спојлерите кои тој ги даде пред премиерата на 1-та епизода од новата сезона.

Но тој имаше одличен коментар кон фановите кои го нападнаа:

-Опуштете се! Тоа се само гради и змејови!

Премиерата на 6-та сезона од Game Of Thrones е закажана за 24-ти април, а ова е интервјуто на Ијан Мекшејн.

Објавено од admin .f24 на 16 March 2016, 10:42