Пенелопи е Донатела Версаче

Пенелопи е Донатела Версаче

Веќе пишувавме за 3-та сезона на American Crime Story , насловена The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story и убиството кое ќе се третира во неа. Тоа на модниот дизајнер Џани Версаче.

Ви ги прикажавме и фотографиите од сетот во Мајами, изгледот на Едгар Рамирез и Рики Мартин во улогите на Џани Версаче и Антонио Д’Амико, но сега пристигнаа и фотографиите од Пенелопи Круз.

penelope_in

Оскаровката во The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story ќе ја портретира Донатела Версаче, сестрата на Џани и наследник на модната империја која тој ја остави по неговото убиство во 1997-ма година.

Шпанската актерка веќе беше забележана на сетот во Мајами носејќи ја препознатливата платинеста перика по која Донатела е позната, а премиерата на 3-та сезона не е закажана. Најпрво во 2018-та година треба да ја погледнеме и 2-та сезона која ќе ги третира настаните по ураганот Катрина.

penelope_in2

Втората сезона е базирана на The Great Deluge: Hurricane Katrina, New Orleans, and the Mississippi Gulf Coast книгата од Даглас Бринкли.

Ова е Пенелопи Круз во улогата на Донатела Версаче.

penelope

penelope3

penelope4

penelope6

penelope7

Објавено од admin на 22 May 2017, 12:38