По The Good Wife следува The Good Fight

По The Good Wife следува The Good Fight

Хит серијата The Good Wife на CBS каналот го имаше својот крај во мај оваа година, но веќе следната 2017-та година фановите ќе имаат можност да ја погледнат спин оф серијата The Good Fight.

good_fight2

Сега со Дајан Локхарт (Кристин Барански) на чело на процедуралната судска драма, ќе имаме можност да ја следиме борбата на Дајан за повторно етаблирање во правниот свет откако таа ќе биде избркана и речиси банкротирана. Па затоа Дајан ќе се приклучи во фирмата на Лука Квин (Каш Џамбо) и таму ќе започне да ја гради репутацијата (и кариерата) одново.

Ѕвездата на Game Of Thrones, Роуз Лесли ќе ја толкува Маја, протежето на Дајан, која исто така ќе се приклучи на Дајан во новата фирма, но како тазе дипломиран адвокат со никакво искуство.

good_fight

Во останатите улоги ќе се појават и Делрој Линдо, Џастин Барта, Бернадет Питерс, Гери Кол и Кери Престон. Роберт и Мајкл Кинг се јавуваат како креатори и извршни прдуценти, а премиерата е закажана за 19-ти февруари, 2017-та година.

Погледнете го првиот трејлер:

Објавено од admin на 20 December 2016, 09:28