Подгответе се за The Alienist: една од најскапите серии кои се направени

Подгответе се за The Alienist: една од најскапите серии кои се направени

TNT каналот има силен „адут“ во The Alienist оваа година. Тројца од најдобрите актери на нивните генерации во костимираната трилер серија. Дакота Фенинг, Лук Еванс и Даниел Брул се дел од актерската екипа на ТВ адаптацијата на The Alienist, новелата од Кејлеб Кар.

Брул ќе биде Доктор Лазло Крејзлер, психолог кој работи со ментално болните, а кој ќе биде повикан од страна на илустраторот во локалниот весник Џон Мур (Лук Еванс) да помогнат во решавањето на серијата на громорозни убиства на проститутки. Сместена во 19-от век, The Alienist е една од најскапите серии кои се воопшто продуцирани од TNT, бидејќи секоја епизода чини 5 милиони долари за да се направи.

Во останатите улоги ќе ги видиме и Роберт Виздом, Даглас Смит, Мет Линц и Тед Левин, а како креатор и продуцент се јавува еден од најдобрите млади режисери Кери Фукунага. The Alienist беше снимана на локации низ Будимпешта, а за режијата се погрижи талентираниот Јакоб Вербуген.

alienist

Премиерата не е точно закажана, но се оечкува да пристигне на „малите екрани“ кон крајот на годинава. Погледнете го првиот трејлер:

Објавено од admin на 19 May 2017, 09:23