Продолжен трејлер за третата сезона на The Walking Dead

Продолжен трејлер за третата сезона на The Walking Dead

Есенската ТВ сезона полека започнува, а премиерата на новата сезона на The Walking Dead е една од најочекуваните. AMC денеска го прикажа продолжениот трејлер за третата сезона на популарната серија, во која  дејствието ке се пренесе во затворот, каде ке се запознаеме со нови карактери, меѓу кои Гувернерот и миленичката на фановите на оригиналниот стрип Михоне (заедно со нејзините зомби-миленици). Погледнете го трејлерот:

http://youtu.be/ShQz68Zkb3Y

Заедно со трејлерот беше објавен и официјалниот синопсис за третата сезона:

“Во новата сезона на The Walking Dead, Рик и останатите преживеани продолжуваат да бараат прибежиште во опустошениот пост-апокалиптичен свет. Набргу ке откријат дека постојат сили кои се пострашни од живите мртовци. Нивната борба за живот никогаш не била толку опасна.”

Третата сезона, која ке се состои од 16 епизоди, ке започне да се емитува од 14-ти октомври на каналот AMC. Креатори на серијата се Френк Дарабонт и Роберт Киркмен, додека во главните улоги се појавувааат: Ендру Линколн, Лори Холден, Норман Ридус, Чендлер Ригс и Мелиса МекБрајд.

Објавено од admin на 17 September 2012, 14:07