Прв трејлер за серијата Constantine

Прв трејлер за серијата Constantine

NBC денеска го објави првиот трејлер за новата серија која е адаптација на познатиот стрип Constantine:

http://youtu.be/uPE2oBnzROY

Серијата ќе се фокусира на Џон Константин, бивш полицаец кој сега е ловец на натприродни суштества. Овој лик за прв пат се појави во 1985 година во The Saga of the Swamp Thing на Алан Мур, Стив Бисет и Џејми Делано.

Во главните улоги ќе се појават Мет Рајан, Харолд Перино, Луси Грифитс и Џулија Леман. Извршни продуценти се Дејвид С. Гоер (Man of Steel, Da Vinci Demons) и Даниел Цероне (The Mentalist), а Нил Маршал (The Descent, Doomsday) е режисер на пилот епизодата.

Constantine ќе започне со емитување наесен.

Објавено од admin на 12 May 2014, 07:46