Рајан „снајперот“ Филипи

Рајан „снајперот“ Филипи

Пред 9 години, Марк Волберг ја портретираше истата улога во филмот Shooter, но ова лето улогата ќе ја „пополни“ Рајан Филипи во новата серија продуцирана од USA каналот.

ryan

Shooter е најновиот проект на Рајан, кој по неуспешниот обид со серијата Secrets and Lies да се доближи до фановите, ова лето ќе добие втора шанса.

Во Shooter (базирана и на Point of Impact, книгата од Стивен Хантер), Рајан ќе биде Боб Ли Свагер. Експерт снајпер кој живее во приватен и професионален азил. Сепак, тој ќе биде приморан да се врати на старата професија, откако ќе биде регрутиран како таен агент со цел да спречи обид за атентат врз Претседелот на САД.

shooter

Покрај Рајан во серијата ќе ги видиме и Синтија Адаи Робинсон, Омар Епс, Дејвид Марчијано, а и покрај тоа што не е позната точната дата за премиера на пилот епизодата, се очекува тоа да се случи во текот на летово.

До тогаш погледнете го првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 18 May 2016, 07:45