Росарио Досон ќе глуми во серијата Daredevil

Росарио Досон ќе глуми во серијата Daredevil

Marvel објави дека познатата актерка Росарио Досон (Sin City, Alexander, Trance) се приклучува на актерската екипа на новата серија Daredevil, која треба да започне со снимање следниот месец во Њујорк. Приказната, која е базирана на стрипот на Marvel, го прати Мет Мурдок, адвокат кој во необична несреќа го губи видот, меѓутоа, добива супер-моќи, кои ги користи да се бори со криминалот во корумпираниот град во кој живее.

Покрај Досон, во серијата ќе се појават и Винсент Д’Онорфио и Чарли Кокс. Извршен продуцент ќе биде Дру Годард (сценарист на хитовите World War Z, Cloverfield и Lost), а првата сезона ќе има тринаесет епизоди. Daredevil ќе започне со емитување во 2015 година.

Објавено од admin на 23 June 2014, 09:44