Шарлиз Терон и Дејвид Финчер се здружија за нова супер серија

Шарлиз Терон и Дејвид Финчер се здружија за нова супер серија

Веќе ја најавивме Mindhunter крими серијата на Netflix која е адаптација на одличната новела Mind Hunter: Inside FBI’s Elite Serial Crime Unit од Марк Олшејкер и Џон И. Даглас.

mindhunter2-slice

Но, сега пристигна и првиот тизер во кој можеме да го погледнеме и одличниот Џонатан Гроф во улогата на детективот Холден Форд. Серијата ќе се фокусира на тимот од специјални агенти на ФБИ кои треба да фатат психопати и криминалци преку интервјуирање на веќе затворени сериски убијци и други криминалци.

Во останатите улоги ќе ги видиме Ана Торв, Холт Мекалани, Котер Смит, а за сценариото се погрижи Џо Пенхал. Како извршни продуценти на Mindhunter се јавуваат одличниот режисер Дејвид Финчер и оскаровката Шарлиз Терон, а самата серија (од 10 епизоди) беше снимена на повеќе локации низ Питсбург.

mindhunter-trailer

Mindhunter ќе пристигне на Netflix во октомври оваа година, а ова е првиот тизер:

Објавено од admin на 2 March 2017, 10:05