The Affair 2 сезона: тизерот пристигна

The Affair 2 сезона: тизерот пристигна

Прекрасна вест за сите фанови на одличната драма на Showtime каналот, The Affair. Првиот тизер за втората сезона е официјално објавен за сите кои со нетрпение ја очекуваат.

the-affair

Втората сезона ќе продолжи таму каде што заврши првата, но сега Ноа (Доминик Вест) и Алисон (Рут Вилсон) ќе имаат многу повеќе проблеми. Легални проблеми, а и емоционални. Многу малку може да се дознае од трејлерот во времетраење од 30 секунди кој го објави Showtime каналот, но од тоа што е познато за втората сезона, гледачите ќе имаат можност да го погледнат дејствието од перспективите на Хелен (Мојра Тирни) и Кол (Џошуа Џексон), а не само на Ноа и Алисон.

Исто така покрај 4-те стандардни актери од првата сезона, кои ќе ги видиме повторно и во втората, како „новитети“ ќе бидат додадени и Миранда Рае Мајо и Џоана Глисон, актерката која гледачите имаа можност да ја погледнат во серијата Newsroom.

the-affair3

Премиерата на The Affiar 2-ра сезона е закажана за октомври оваа година, со нови 10 епизоди. До тогаш погледнете го првиот тизер.

Објавено од admin .f24 на 29 June 2015, 10:12