Тина Феј се враќа на ТВ со Unbreakable Kimmy Schmidt

Тина Феј се враќа на ТВ со Unbreakable Kimmy Schmidt

Тина Феј, комичарка и актерка која овој месец беше една од водителките на Златните глобуси се враќа на телевизијата, но овој пат не и пред ТВ екраните.

Феј задно со долгогодишниот колега и пријател Роберт Карлок (сценаристот со диплома од Харвард кој веќе беше дел од тимот на 30 Rock) ја создадоа најновата серија Unbreakable Kimmy Schmidt.

Комедијата на Феј и Карлок ќе треба да започне да се прикажува на Netflix на 6-ти март оваа година, а во неа Ели Кемпер ја толкува насловната улога. Кими Шмит (Кемпер) ќе избега по 10-годишно живеење под земјата како дел од апокалиптичен религиозен култ, а кога ќе го види вистинскиот свет, ќе посака да остане во него и да продолжи да живее над земјата. Т.е. во Менхетен.

Титус Бурс е дел од актерката екипа на серијата, Џејн Краковски која веќе беше дел од 30 Rock, но исто така и легендата на комедијата Керол Кејн во една од споредните улоги.

Погледнете го првиот трејлер за Unbreakable Kimmy Schmidt:

Објавено од admin .f24 на 23 January 2015, 13:07