Тизер и слики од новата амбициозна серија The Strain

Тизер и слики од новата амбициозна серија The Strain

Телевизиската мрежа FX денеска објави нов тизер за The Strain, серија која ќе биде базирана на истоимената вампирска трилогија од новели на режисерот Гилермо Дел Торо (Blade 2, Pacific Rim), кој воедно ќе биде и креатор и извршен продуцент, заедно со Карлтон Кјуз и Чак Хоган.

Првата сезона ќе се состои од 13 епизоди, а режисер на првата е Дел Торо. Во главните улоги ќе се појават Дејвид Бредли, Миа Маестро, Шон Остин, Џонатан Хајд и Ричард Самел.

Заедно со краткиот тизер беа објавени и неколку слики:

Синопсис: “Боинг 737 кој штотуку слетал на аеродромот ЈФК, ненадејно ќе застане на средина на пистата. Сите светла во авионот се угасени и сите врати затворени. Нема никаква комуникација со екипажот на авионот. Доктор Гудведер и неговиот тим од Центарот за Заштита од Болести мора бргу да ја најдат причината за овој чуден и бизарен настан пред паниката да почне да се шири. Она што ќе го најдат ќе ја замрзне крвта во нивните вени.”

The Strain треба да започне со прикажување во јули.

Објавено од admin на 22 January 2014, 08:54