Тизер за Bloodline – новата серија на Нетфликс

Тизер за Bloodline – новата серија на Нетфликс

Нетфликс денеска објави краток тизер за нивната нова серија Bloodline. Нема многу информации за серијата, односно објавен е само краткиот синопсис: Дејствието е сместено на Флорида и се фокусира на четири браќа чии животи се компликуваат кога на нивната врата ќе се појави “црната овца во фамилијата”.

Во главните улоги се појавуваат Бен Менделсон, Кајл Чендлер, Линда Карделини и ветераните Сем Шепард и Сиси Спејсек. Првата сезона ќе има тринаесет епизоди, а сите ќе бидат достапни онлајн на почетокот на март, следната година.

Објавено од admin на 24 October 2014, 11:19