Тизерот за Westworld ќе ве прогонува

Тизерот за Westworld ќе ве прогонува

HBO го објави првиот тизер за Westworld, серијата креирана и продуцирана од Џонатан Нолан, помладиот брат на Кристофер Нолан, и тој е застрашувачки.

Во тизерот од 30 секунди фановите имаат можност да го погледнат Оскаровецот и актерска легенда, Ентони Хопкинс кој ќе ја толкува улогата на Др. Роберт Форд, а покрај Хопкинс во серијата од 8 епизоди ќе видиме и подеднакво импресивна актерска екипа.

westworld2

Ед Харис, Џејмс Марсден, Тенди Њутон, Родриго Санторо, Бен Барнс, Џефри Рајт, Еван Рејчел Вуд и Џими Симпсон се само дел од актерите и актерките кои ќе ги погледнеме во Westwood.

Серијата е адаптирана од истоимената новела на Мајкл Криктон, која имаше и филмска адаптација во 1973-та година. Премиерата е закажана за почетокот на следната година.

До тогаш погледнете го првиот тизер за Westworld:

Објавено од admin .f24 на 11 August 2015, 08:27