Том Харди од „19-от век“

Том Харди од „19-от век“

Том Харди оваа година не успеа да ја подигне наградата Оскар за споредната улога во The Revenant, но моментално тој е во Корнвал, Англија каде го подготвува најновиот проект.

Официјалните фотографии од BBC веќе беа објавени пред неколку месеци, а сега благодарение на папараци фотографите пристигнаа и тие од сетот на Taboo. Мини серијата со Харди во главната улога која оваа година ќе се прикажува на овој канал во Британија.

tom4-1

Составена од 8 епизоди. Taboo е всушност дело на самиот Харди и неговиот татко Криспин, кој покрај ко-креатор се јавува и како продуцент.

Во серијата Том во ќе биде Џејмс Дилејни, авантурист од 19-от век кој ќе се врати во Британија (од Африка) за да се одмазди за смртта на татко си. Покрај Том, во главните улоги ќе ги видиме и Уна Чаплин, Дејвид Хејман, Мајкл Кели и Џонатан Прајс. Точната дата на премиерата на првата епизода не е позната, но затоа пак може да се погледнат фотографиите од сетот на Taboo.

Ова е Том во најновата улога.

tom5

tom2

tom

tom3

Објавено од admin .f24 на 10 May 2016, 08:21