Трејлер за Extant – серија продуцирана од Стивен Спилберг

Трејлер за Extant – серија продуцирана од Стивен Спилберг

Денеска го имаме краткиот трејлер за Extant, новата серија на CBS, чиј извршен продуцент е познатиот режисер Стивен Спилберг, а во главната улога ќе се појави актерката Хали Бери.

http://youtu.be/dJLVC3fHV_E

Приказната ја прати Моли Вотс, жена-астронаут која се враќа дома по едногодишна мисија во вселената и настојува повторно да се зближи со нејзиниот мал син. Меѓутоа, настаните кои и се случиле во вселената, може да го променат текот на човековата историја.

Во останатите улоги ќе се појават Пирс Гањон, Кемрин Манхејм и Хиројуки Санада. Extant ќе започне со прикажување на 9-ти јули.

Објавено од admin на 2 May 2014, 07:15