Ѕирнете на сетот на Preacher

Ѕирнете на сетот на Preacher

Датата за премиерата на првата епизода од Preacher, ТВ адаптацијата на култниот стрип од DC Comics, е објавена (22 мај), а со неа пристигна и првото продукциско видео од самиот сет.

preacher2

Видеото со поглед на самата продукција и со коментар од креаторите/извршните продуценти и сценаристи Сет Роген, Еван Голдберг и Сем Кејтлин ќе не воведе во самата серија која наскоро фановите ја очекуваат на AMC каналот.

preacher4

Главната улога на Џеси „свештеникот“ Кастер му е доделена на Доминик Купер, а во останатите улоги ќе ги видиме и Рут Нега, Том Брук, Елизабет Перкинс, Џеки Ерл Хејли, а според дел од американските извори мало појавување во пилот епизодата ќе има и Том Круз.

preacher3

Сет и Еван се јавуваат и како режисери на самата пилот епизода, додека пак Сем Кејтлин е сценарист на истата. Првата сезона беше откупена од AMC каналот со вкупно 10 епизоди, а ова е продукциското видео.

Објавено од admin .f24 на 18 March 2016, 08:51