15 филмови кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2013

15 филмови кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2013

Летната филмска сезона е речиси при крај. Хитовите како Iron Man 3, Fast & Furious 6, Star Trek Into Darkness, Man of Steel и World War Z завршија со своето прикажување во кино салите и ги наполнија касите на големите Холивудски студија. Па така, целото внимание на филмската индустрија полека се насочува кон есенската и зимската сезона, во која имаме сигурни хитови (Thor: The Dark World, The Hunger Games: Catching Fire и The Hobbit: The Desolation of Smaug); научно фантастични филмови кои изгледаат ветувачки (Riddick, Gravity и Ender’s Game); кандидати за Оскар од легендарни режисери (The Counselor, The Wolf of Wall Street и American Hustle); продолжение на култна комедија (Anchorman: The Legend Continues); римејк (Oldboy) и проблематичен самурајски еп (47 Ronin).

Подолу е листа на 15 филмски наслови од кои најмногу се очекува до крајот на годината:

Riddick

Премиера: 5-ти септември
Бокс-офис потенцијал: 70-90 милиони долари
Режисер: Дејвид Твохи
Главни улоги: Вин Дизел, Карл Урбан, Кејти Сакхоф, Џорди Мола
Синопсис: Во Riddick познатиот анти-херој е предаден од својот вид и оставен на опустошена планета, каде мора да се бори со страшни предатори за да преживее и да може да се одмазди.

Prisoners

Премиера: 20-ти септември
Бокс-офис потенцијал: 50-60 милиони долари
Режисер: Денис Вилени
Главни улоги: Хју Џекмен, Џејк Гиленхол, Теренс Хауард
Синопсис: Келер Довер се соочува со најголемиот кошмар на секој родител. Неговата шестгодишна ќерка и нејзината најдобра другарка се изчезнати, а како минутите се претвораат во часови, така паниката се зголемува. Локи, детективот кој ја води истрага, го приведува возачот на комби кој е затекнат на местото на злосторството, меѓутоа, тој мора да биде ослободен поради недостаток на докази. Знаејќи дека се работи за животот на неговата ќерка, Довер, решава да ги преземе работите во свои раце.

Gravity

Премиера: 4-ти октомври
Бокс-офис потенцијал: 60-75 милиони долари
Режисер: Алфонсо Куарон
Главни улоги: Сандра Булок, Џорџ Клуни
Синопсис: Др. Рајан Стоун е брилијантен медицински инженер, која е на нејзината прва мисија со шатл, заедно со астронаутот-ветеран, Мет Ковалски. На наизглед рутинска прошетка во вселената, се случува катастрофа. Шатлот е уништен, оставајќи ги Ковалски и Стоун сами во вселената. Тие немаат никаква комуникациска врска со Земјата и шанса да бидат спасени. Можеби единствениот начин да се вратат дома е да отидат подалеку во мрачната темнина на Вселената.

The Counselor

Премиера: 25-ти октомври
Бокс-офис потенцијал: 75-90 милиони долари
Режисер: Ридли Скот
Главни улоги: Бред Пит, Камерон Диаз, Пенелопи Круз, Мајкл Фасбендер, Хавиер Бардем
Синопсис: Приказната прати познат адвокат на кој очајно му се потребни пари. Поради ова тој одлучува да се вклучи во трговијата со дрога. Се разбира, работите се компликуваат и целата ситуација излегува надвор од контрола.

Ender’s Game

Премиера: 1-ви ноември
Бокс-офис потенцијал: 85-110 милиони долари
Режисер: Гавин Худ
Главни улоги: Харисон Форд, Бен Кингсли, Абигејл Бреслин, Аса Батерфилд, Виола Дејвис
Синопсис: 70 години по ужасна војна со вонземјаните, необично надарено дете е испратено во напредна воена академија во вселената, со цел да се подготви за борба во претстојната инвазија.

Thor: The Dark World

Премиера: 8-ми ноември
Бокс-офис потенцијал: 215-240 милиони долари
Режисер: Алан Тејлор
Главни улоги: Крис Хемсворт, Натали Портман, Ентони Хопкинс, Том Хидлстоун
Синопсис: The Dark World ја продолжува авантурата на Тор на големиот екран, во која тој се бори да ја спаси Земјата и сите Девет Кралства од таинствениот непријател, кој е стар колку и самиот универзум. Соочен со непријател кој ниту Один ниту Асгард можат да го запрат, Тор мора да замине на неговото најтешко патување досега, патување кое ќе го обедини со Џејн Фостер и ќе го принуди да жртвува сé за да нè спаси сите.

The Wolf of Wall Street

Премиера: 15-ти ноември
Бокс-офис потенцијал: 80-105 милиони долари
Режисер: Мартин Скорсезе
Главни улоги: Леонардо ДиКаприо, Џона Хил, Метју Меконахи, Џон Фавро
Синопсис: Филмот е базиран на мемоарите на Џордан Белфорт кој во почетокот на 90-тите години во Њујорк имал инвестициска фирма и бил вмешан во корупциски скандал на Вол Стрит вреден над 200 милиони долари. Во своите мемоари Џордан Белфорт детално ги опишува матните зделки кои ги правел со неговите колеги, перењето пари за мафијашки босови, зависноста од дрогата Квалудс, секс-журките и неговото гонење од ФБИ.

The Hunger Games: Catching Fire

Премиера: 22-ри ноември
Бокс-офис потенцијал: 330-360 милиони долари
Режисер: Френсис Лоренс
Главни улоги: Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лиам Хемсворт, Лени Кравиц, Елизабет Бенкс
Синопсис: The Hunger Games: Catching Fire ја продолжува приказната со враќањето на Кетнис Евердин од 74-тите Игри на Гладта. По победата Кетнис и нејзиниот придружник Пита Меларк, мораат да го напуштат своето семејство и да заминат на победничка турнеја околу Областите. Во меѓувреме се подготвува бунт против власта, но Главниот град е сеуште под контрола на Претседателот Сноу, кој ги подготвува 75-тите Игри на гладта.

Oldboy

Премиера: 27-ми ноември
Бокс-офис потенцијал: 55-70 милиони долари
Режисер: Спајк Ли
Главни улоги: Џош Бролин, Семјуел Л. Џексон, Елизабет Олсен, Шарлто Копли
Синопсис: Приказната прати директор на маркетинг агенција кој е киднапиран и држан во заложништво цели 20 години. Откако е ненадејно пуштен на слобода, тој тргнува во потрага по неговиот киднапер, која ќе го однесе до енигматичен човек, кој ги има сите одговори.

http://youtu.be/A8gpi44y4TU

Out of the Furnace

Премиера: 6-ти декември
Бокс-офис потенцијал: 40-55 милиони долари
Режисер: Скот Купер
Главни улоги: Кристијан Бејл, Вуди Харелсон, Кејси Афлек, Зои Салдана, Форест Витакер
Синопсис: Приказната ги прати Расел и неговиот помал брат Родни кои живеат во сиромашната област Раст Белт и сакаат да заминат во потрага по подобар живот. Меѓутоа, кога ненадејно Расел ќе заврши во затвор, Родни ќе направи огромна грешка и ќе се приклучи на немилосрдна банда на криминалци. Во меѓувреме, Расел излегува од затворот и започнува да го бара неговиот брат, кој е исчезнат.

The Hobbit: The Desolation of Smaug

Премиера: 13-ти декември
Бокс-офис потенцијал: 280-310 милиони долари
Режисер: Питер Џексон
Главни улоги: Мартин Фримен, Иак МекКелен, Ричард Амитраж, Хуго Вивинг
Синопсис: Новиот филм ја продолжува авантурата на Билбо, Гандалф и 13-те џуџиња, предводени од Торин Оакешилд, кои се во мисија повторно да го освојат изгубеното кралство на џуџињата, Еребор.

American Hustle

Премиера: 13-ти декември
Бокс-офис потенцијал: 30-40 милиони долари
Режисер: Дејвид О. Расел
Главни улоги: Кристијан Бејл, Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Ејми Адамс, Џереми Ренер
Синопсис: Дејствието е сместено во 70-тите години на минатиот век и прати двајца измамници кои се приморани да работат со ФБИ на тајната операција Абскам, во која треба да се уапси корумпираниот градоначалник на Камден, Њу Џерси.

The Monuments Men

Премиера: 18-ти декември
Бокс-офис потенцијал: 65-75 милиони долари
Режисер: Џорџ Клуни
Главни улоги: Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Даниел Крег, Бил Мареј, Кејт Бланшет
Синопсис: Приказната, која е базирана на вистински настани, се фокусира на група експерти за уметнички дела, кои се избрани од владата на САД, со цел да пронајдат украдени уметнички дела од Европа, за време на Втората Светска Војна.

Anchorman: The Legend Continues

Премиера: 20-ти декември
Бокс-офис потенцијал: 110-130 милиони долари
Режисер: Адам МекКеј
Главни улоги: Вил Фарел, Кристина Аплгејт, Пол Руд, Стив Карел
Синопсис: Во вториот дел повторно ќе ги пратиме авантурите на најдобрата водителска екипа во Сан Диего, предводена од Рон Бургунди.

47 Ronin

Премиера: 25-ти декември
Бокс-офис потенцијал: 125-145 милиони долари
Режисер: Карл Ерик Риш
Главни улоги: Киану Ривс, Хиројуки Санада, Коу Шибасаки, Ринко Кикучи
Синопсис: Приказната во 47 Ronin се фокусира на група воини кои, откако нивниот господар е неправедно убиен, тргнуваат во негова одмазда.

Објавено од admin на 22 August 2013, 11:42