Бен Афлек во првиот трејлер за Gone Girl

Бен Афлек во првиот трејлер за Gone Girl

Денеска го имаме првиот трејлер за Gone Girl, најновиот филм на познатиот режисер Дејвид Финчер (The Social Network, Fight Club, Se7en).

http://youtu.be/sOPLieLQQQs

Во Gone Girl приказната се фокусира на брачниот пар Ејми и Ник. На утрото на нивната петта годишнина од венчавката, Ејми мистериозно исчезнува. Ник, кој се однесува доста чудно и сомнително, станува главен осомничен во истрагата. Во меѓувреме, полицијата пронаоѓа таен дневник од Ејми, кој открива дека таа водела мистериозен двоен живот. Работите се компликуваат и приказната започнува да се движи во друга, неочекувана насока.

Сценариото за филмот, кој е базиран на истоимената новела на Џилијан Флин, ќе го пишува самата авторка. Во главните улоги се појавуваат Бен Афлек, Розамунд Пајк, Нил Патрик Харис, Кејси Вилсон, Тајлер Пери и манекенката Емили Ратаковски.

Gone Girl ќе се појави во кино салите на 3-ти октомври.

Објавено од admin на 15 April 2014, 07:44