Бенисио е вооружан и опасен

Бенисио е вооружан и опасен

Оскаровецот Бенисио дел Торо е опасен и вооружан во првата официјална фотографија од Sicario, најновиот проект на актерот.

sicario3

Акциониот трилер во режија на Денис Виленвју е избран да се натпреварува за Златната палма на претстојниот филмски фестивал во Кан, а во Sicario Бенисио ќе го портретира Алехандро, еден од групата платеници најмени од полицаецот Кејт Мејси (Емили Блант) да го уапсат шефот на озогласениот картел во Мексико. Тие ќе заминат од Тусон, Аризона, преку границата се до Мексико за да го уапсат, но патот до таму ќе биде тежок, како и нивната мисија.

sicario2

Покрај Бенисио и Емили во останатите улоги ќе ги видиме и Џош Бролин, Џон Бертнал и Џефри Донован, а покрај прикажувањето во Кан, официјалната премиера на Sicario во кино-салите се очекува на 18-ти септември оваа година (на 25-ти септември во широка кино-проекција).

Погледнете.

sicario

Објавено од admin .f24 на 20 April 2015, 08:47